mk bg en

Покана

КУД „Гоце Делчев“ Делчево

Општина Делчево
ПОКАНА
Со топла погача, домашно приготвени баници, зелници, баклава, со домашна пивка ракија и со убава македонска песна ќе се огласи фоајето на КУД„Гоце Делчев“ Делчево, Република Македонија за да даде старт на Велигденските празници со:
ФОТОГРАФСКА ИЗЛОЖБА

28 април 2016

Место на одржување: просториите на КУД„Гоце Делчев“ Делчево

Почеток: 18:00 часот
Во 25 фотографии од Делчево поставени во фоаејто на КУД „Гоце Делчев“ Делчево Република Македонија, ќе оживее повторно убавината на „Делчево некогаш и денес“
Промоција на книгата:

Македонска традиционална храна од Пијанечкиот регион - Делчево (автентични и уникатни традиционални и нови рецепти од Делчево - Пијанечки регион и с.Брежани Р.Бугарија )

Промоција на локални сајтови:

Брошура Мапа на туристички локалитети на Делчево Република Македонија и Симитли Република Бугарија

Традиционална храна од Пијанечкиот регион (традиционални погачи и пити, гарнирани со пивка домашна ракија)
Да го пречекаме „ Велигден“ со Фотографска изложба е кулминација и резиме на активностите на КУД„Гоце Делчев“ Делчево по проект "Подобрување на квалитетот на живот во прекуграничниот регион преку промоција и ревитализација на културното наследство меѓу општина Симитли, Р. Бугарија и Делчево, Р. Македонија" по програмата за прекугранична соработка.

Logo6