mk bg en

КОНКУРС ЗА ИДЕН БРАЧЕН ПАР НА 10-та ПИЈАНЕЧКО-МАЛЕШЕВСКА СВАДБА

КУД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ДЕЛЧЕВО И ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

ОБЈАВУВААТ

КОНКУРС 

ЗА ИДЕН БРАЧЕН ПАР НА

10 та ПИЈАНЕЧКО-МАЛЕШЕВСКА СВАДБА

ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА НА РЕГИОНОТ

УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ КАНДИДАТИТЕ:

  • Еден од младоженците да е роден во Пијанечко - Малешевскиот регион;
  • Изјава во колку бидат примени (ќе се спроведуваат адетите на стар афтентичен начин)
  • Брачниот пар да има претходно склучен граѓански брак или тоа да го сторат за време на имплементацијата на свадбата
  • Фотокопија од лична карта
  • Мотивационо писмо

Конкурсот трае 30 дена од денот на неговото објавување,

Сите заинтересирани за конкурсот можат да ги достават своите писма на адреса:

КУД„Гоце Делчев“ Делчево

Ул.М.М.Брицо бб

(за ПМС 2015)

2320 Делчево

За подетални информации посетете ја канцеларијата на КУД„Гоце Делчев“ Делчево секој работен ден од 12:00 до 18:00 часот или контактирајте не на телефон 070 537 544.

03.05.2016  година

Делчево

Tags: