Член 1
Здружението Културно Уметничко Друштво ,,Гоце Делчев“ од ОпштинаДелчево е здружение, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување на јавни и културни интереси и усогласување на своите интереси во областа на изучување, негување, развивање, унапредување, зачувување и презентирање на македонскиот фолклор и обичаи изразено низ народни игри,песни,инструменти и носии,кои го изразуваат историското минато и богаство на културното наследство и традиции на македонскиот народ и етничките заедници кои живеат на просторот на Република Македонија.
Член 2
Граѓаните се здружуваат во Здружението Културно Уметничко Друштво ,,Гоце Делчев“ од Општина Делчево , заради остварување на поширок општествен интерес преку едукација, негување и развивање на вештини за изчување и презентирање на културата (македонскиот фолклор и фолклорот на етничките заедници кои живеат во Република Македонија) .
Член 3
Здружението Културно Уметничко Друштво ,,Гоце Делчев“ од Општина Делчево, како здружение своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот на Република Македонија, со овој Статут како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област.
Член 4
Називот на здружението е Здружение Културно Уметничко Друштво ,,Гоце Делчев“ од Општина Делчево (Во натамошниот текст КУД “Гоце Делчев“Делчево ).
Член 5
Седиштето на Здружението КУД“Гоце Делчев“ Делчево е во Општина Делчево.
Здружението КУД“Гоце Делчев “ Делчево се организира и делува на подрачјето на Општина Делчево и останатите општини во Република Македонија со посебен акцент на општините кои се во Источно Планскиот Регион од Република Македонија.
Член 6
Здружението КУД“Гоце Делчев“ Делчево е правно лице.
Здружението КУД“Гоце Делчев“ Делчево има свој печат и штембил.
Печатот има тркалезна форма со испишан текст: Културно Уметничко Друштво “Гоце Делчев“ Делчев. Во средината на печатот е напишано “Гоце Делчев“Делчево.
Штембилот на Здружението има правоаголна форма со истиот текст со тоа што има место за пишување на број и дата . Текстот е испишан со кирилично писмо на македонски јазик .