Член 7
Граѓаните се здружени во Здружението КУД“Гоце Делчев“ Делчево заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се:
Создавање на просторни, материјални , кадровски, финасиски и други услови за масовно прифаќање на членови-љубители на фолклорните традиции ;
Формирање на секции и групи за изучување на фолклорните, играорните, песнопојните, инструментални, сценски и други уметнички спосбоности на членовите
Формирање на секции за балет, модерен балет , маникенство, фолклор, традиционална храна
Јавно практикување на фолклорните традиции - народните игри, песни, инструменти, носии, традиционална храна и други уметнички манифестации;
Изработка, набавка и одржување на народните инструменти, носии, нотни записи, кореографии, фото-аудио-видео материјали и сл;
Организирање и учество на семинари, предавања, фестивали, јавни приредби, и др.манифестации од областа на културата;
Издавање информативно-пропагадни материјали , книги, брошури, компакт-дискови филмови и други матерјали за културната традиција, обичаи, народни игри, песни, инструменти, носии и др.уметнички манифестации;
Организирање и реализација на туристичко-пропагадни патувања и турнеи;
Претставување и застапување на членовите ;
Врши дејност за посредување во културата;
Врши музичка и сценска уметничка дејност;
Член 8
Во остварување на своите цели и задачи организацијата ќе соработува со :
Организации и Асоцијации за регионален развој;
Други вонпарламентарни, парламентарни, невладни, непартиски организации, здруженија и сојузи во Републиката и Светот;
Стручни-научни организации, сојузи, асоцијации и институции;
Општините од регионите и пошироко.
Член 9
Здружението своите цели, интереси активности, права, должностите и одговорности ги оставрува преку:
Спроведување на заеднички проекти за членовите;
Организирање на конференции, семинари, симпозиуми, обуки, работилници, изложби и видео презентации;
Покренување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите и задачите на Здружението;
Упис на нови членови;
Формирање на тимови по области за имплементација на Стратешките документи на Здружението;
Вршење на други работи согласно овој Статут, Законите и Уставот на РМ
Член 10
Прoграмата, целите и задачите на Здружението не можат да бидат насочени кон:
Насилно уривање на уставниот поредок;
Поттикнување или повикување на воена агресија;
Разгорување на национална, верска или расна нетрпеливост.